Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 10 војници

Членови на Талибан реализираа бомбашки напад на воена станица во провинцијата Хелманд во јужниот дел на Авганистан во кој загинаа 10 војници, а четворица се ранети

1331009
Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 10 војници

Во реализиран бомбашки напад од страна на членови на Талибан на една воена станица во населеното место Сангин во провинцијата Хелманд во јужниот дел на Авганистан загинаа 10 војници, а четворица војници се ранети.

Портпаролот на губернијата Хелманд Омер Зувак во дадената изјава за печатот истакна дека членови на Талибан ја експлодирале со далечинско управување бомбата којашто ја поставиле во близина на воената станица во населеното место Сангин.

Велејќи дека во нападот загинале 10 војници, Зувак рече дека биле ранети и четворица војници. 

Тој напомена дека по нападот дошло до вооружен судир помеѓу членовите на Талибан и војниците.

Во објавеното соопштение од Талибан пак, се тврди дека во нападот загинале 26 авганистански војници.



Слични вести