Бомбашки напад во сомалискиот главен град Могадишу: Загинаа најмалку 30 лица, а десетици се ранети

Засега одговорноста за нападот не ја презеде никој, меѓутоа е познато дека терористичката организација Еш Шебаб често реализира напади во Сомалија

1330983
Бомбашки напад во сомалискиот главен град Могадишу: Загинаа најмалку 30 лица, а десетици се ранети

Во реализиран бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, животот го загубија најмалку 30 лица, а десетици се ранети.

Како што се истакнува поради извршениот напад со возило бомба на еден контролен пункт кадешто во моментот на експлозијата имало голем број лица, меѓу ранетите имало и деца и студенти.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. 

Инаку, познато е дека терористичката организација Еш Шебаб поврзана со Ал Каеда често реализира напади во Сомалија.



Слични вести