Вооружен судир во Централноафриканската Република: Загинаа најмалку 35 лица, а над 50 се ранети

По разгорување на кавгата помеѓу милициските сили и занаетчиите во главниот град на Централноафриканската Република, Бангуи, дошло до вооружен судир во кој загинале најмалку 35 лица, над 50 лица биле ранети, а биле запалени и голем број работни места

1330342
Вооружен судир во Централноафриканската Република: Загинаа најмалку 35 лица, а над 50 се ранети

Во вооружен судир помеѓу милициските сили и занаетчиите во главниот град на Централноафриканската Република, Бангуи, загинаа најмалку 35 лица, а повеќе од 50 лица се ранети.

Според вестите објавени во националниот печат, во маалото ПК5 кадешто мнозинството од населението е муслиманско поради даночните плаќања дошло до кавга помеѓу милициските сили и занаетчиите.

По разгорување на кавгата дошло и до вооружен судир во кој животот го загубиле најмалку 35 лица, повеќе од 50 лица биле ранети, а биле запалени и голем број работни места.

Инаку, и покрај потпишаните договори за мир од 2012 година кога започнаа внатрешни вооружени судири во Централноафриканската Република, се уште не може целосно да се воспостават безбедноста и јавниот ред и мирот во голем број градови оваа земја, на чело и со главниот ргад Бангуи.

Во вооружените судири коишто започнаа во 2013 година помеѓу христијанскките групи Анти-Балака и муслиманските групи Селека, по што овие судири се претворија и во граѓанска војна, животот го загубија илјадници лица.



Слични вести