Во реализирани напади од страна на ДЕАШ во Ирак загинаа 9 цивили

Припадници на терористичката организација ДЕАШ реализираа напади во провинциите Киркук и Салахадин во Ирак во кои загинаа 9 цивили

1330462
Во реализирани напади од страна на ДЕАШ во Ирак загинаа 9 цивили

Во реализирани напади од страна на терористичката организација ДЕАШ во провинциите Киркук и Салахадин во Ирак загинаа 9 цивили.

Афрасјав Камил, одговорен за печат во Дирекцијата на полицијата во Киркук истакна дека биле пронајдени мртвите тела на 3 лица кои претходно биле киднапирани од страна на терористите на ДЕАШ во руралното подрачје на југот на Киркук.

Камил рече дека лицата за кои станува збор биле цивили кои се бавеле со земјоделство во областа.

Од друга страна, претседателот на Комисијата за безбедност на градското Собрание на Салахадин Мехди Таки истакна дека терористи на ДЕАШ кои формирале свој таканаречен контолен пунк во населеното место Алем во провинцијата, реализирале вооружен напад врз 3 возила.

Таки рече дека возилата врз кои бил отворен оган биле цивилни возила и дека притоа животот го загубиле 6 лица. 

Инаку, терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година ги зазеде целосно провинциите Мосул, Салахадин и Анбар, како и еден дел од провинциите Дијала и Киркук, а потоа во текот на неколку години истите овие провинции и области беа повратени.

Поранешниот ирачки премиер Хајдар ел-Ибади на 9 декември 2017 година соопшти дека е извојувана победа против ДЕАШ.

Меѓутоа, и покрај тоа што од исчистувањето на Ирак од терористичката организација ДЕАШ изминаа 2 години, денеска се уште продолжуваат да се реализираат напади од страна на оваа терористичка организација особено во руралните подрачја на провинциите Мосул, Салахадин, Анбар, Дијала и Киркук.



Слични вести