Во Казахстан прогласена еднодневна национална жалост по повод трагичната авионска несреќа

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, поради авионската несреќа во која според најнови добиени информации загинаа најмалку 15 лица, а над 66 мина се повредени, 28 декември 2019 година го прогласи за ден на национална жалост во земјата

1330475
Во Казахстан прогласена еднодневна национална жалост по повод трагичната авионска несреќа
ucak2(2).jpg
Qazaxstan.jpg

Во Казахстан во моментот на полетување се урна патнички авион при што во несреќата, според првични добиени информации, има најмалку 15 загинати, а над 66 лица се повредени.

Во објавеното соопштение од Комитетот за итни состојби на Казахстан се истакнува дека се урна патнички авион од типот Фокер 100 во сопственост на авиокомпанијата Бек Еир (Bek Air) во кој се наоѓале 93 патници и 5 мина членови на екипажот (вкупно 98 лица), а којшто летал од градот Алма Ата за главниот град Нур Султан.

Во сооопштението се вели дека патничкиот авион се урнал врз зградите во близина на аеродромот, во моментот на полетување .

Губернијата на Алма Ата соопшти дека во урнатиот авион се наоѓале 93 лица од кои 8 деца и 5 мина членови на екипажот, вкупно 98 лица.

Во несреќата според најнови добиени информации, загинаа најмалку 15 лица, а над 66 лица се повредени.

Министерството за индустрија и развивање на инфраструктурата на Казахстан информира дека до соопштување на причината на несреќата се сопрени активностите на авиокомпанијата Бек Еир (Bek Air).

Воедно и во обајвеното соопштение од Комитетот за цивилно воздухопловство се истакнува дека се додека да се разјасни причината за несреќата се сопрени и летовите на авионите од типот Фокер 100. 

Од друга страна, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, 28 декември 2019 година го прогласи за ден на национална жалост во земјата.

Портпаролот за печат во кабинетот на претседателот Берик Уали, во објавеното соопштение на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша: „Претседателот Касим-Жомарт Токаев, поради смртоносната авионска несреќа во близина на Алма Ата, 28 декември 2019 година го прогласи за ден на национална жалост.“



Слични вести