Поплавите во Колумбија одзедоа 7 животи

Поплавите во Колумбија станаа причина за смртта на 7 лица, а најмалку едно лице се води како исчезнато

1330736
Поплавите во Колумбија одзедоа 7 животи

Во поплавите во јужноамериканската држава Колумбија животот го загубија 7 лица, а најмалку едно лице се води како исчезнато.

Прекумерните врнежи од дожд коишто продолжиле во текот на целата ноќ во градот Чапарал во управниот реон Толима во западниот дел на земјата, станале причина за изливање од своето корито на реката Амоја. 

Во катастрофата од поплави во која биле срамнети со земјата и некои куќи животот го загубија 7 лица, а најмалку едно лице се води како исчезнато.

Во погоденото подрачје, освен реката Амоја своите корита ги преплавиле и голем број други реки при што биле блокирани и некои патишта, а бил формиран и кризен штаб под раководство на Унијата за управување со национални елементарни непогоди и ризици (UNGRD).

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување, како и чистење на теренот коишто се започнати во катастрофалното подрачје со поддршка и на колумбиската армија.



Слични вести