Коалицијата „Бина“ во Ирак го повика Парламентот да го разреши претседателот Бархам Салих

Во објавеното писмено соопштение од коалицијата „Бина“ за која се знае дека е блиска со Иран, се упатува повик до ирачкиот Парламент да биде започната законска постапка за разрешување од должност на претседателот Бархам Салих

1330449
Коалицијата „Бина“ во Ирак го повика Парламентот да го разреши претседателот Бархам Салих

Коалицијата Бина во Ирак упати повик до Парламентот да го разреши претседателот на државата Бархам Салих.

Во објавеното писмено соопштение од коалицијата „Бина“ за која се знае дека е блиска со Иран се застанува во одбрана на тоа дека и покрај тоа што се најголемата коалиција во Парламентот претседателот Бархам Салих не му го додели мандатот за формирање на новата влада на нивниот кандидат за премиер актуелниот гувернер на Басра Асад ел-Идани, со што постапи спротивно на Уставот и го прекрши своето ветување.

Во соопштението се упатува повик до ирачкиот Парламент да биде започната законска постапка за разрешување од должност на претседателот Бархам Салих.

Инаку, ирачкиот претседател Бархам Салих претходно истакна дека нема да го назначи за мандатор за формирање на новата влада Асад Идани како кандидат на коалицијата Бина која е блиска со Иран и најави дека ако продолжат притисоците е спремен да поднесе оставка.



Слични вести