Во поставена заседа од страна на терористите во Буркина Фасо се убиени 11 војници

Безбедносни извори во Буркина Фасо соопштуваат дека во поставена заседа од страна на терористите врз војниците кои патролирале во провинцијата Соум во северниот дел на земјата загинаа 11 војници

1330046
Во поставена заседа од страна на терористите во Буркина Фасо се убиени 11 војници

Во поставена заседа од страна на терористите врз војниците кои патролирале во провинцијата Соум во северниот дел на Буркина Фасо, загинаа 11 војници.

Воениот тим во воената база Намисигуиан вчера во вечерните часови за време на патролирањето во околината на селото Халале западна во заседа на терористите.

Безбедносни извори соопштуваат дека во отворениот оган од страна на терористите, во поставената заседа загинаа 11 војници.

И во завчерашниот вооружен напад реализиран од страна на терористите врз едно населено место и воен камп кај градот Арбинда во истата провинција Соум во Буркина Фасо, загинаа 35 цивили и 7 војници, а од страна на безбедносните сили беа убиени 85 терористи.

По овој напад, во Буркина Фасо беше прогласена 48 часовна (дводневна) национална жалост.



Слични вести