Во напад со возило бомба во Авганистан загинаа 6 војници, а тројца се ранети

Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека во реализиран напад од страна на талибанските милитанти со возило бомба врз воената станица во населеното место Белх во истоимената провинција Белх, во северниот дел на земјата загинаа 6 мина војници

1329876
Во напад со возило бомба во Авганистан загинаа 6 војници, а тројца се ранети

Во реализиран напад од страна на талибанските милитанти со возило бомба врз воената станица во населеното место Белх во истоимената провинција Белх, во северниот дел на Авганистан, загинаа 6 мина војници.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Авганистан во нападот загинаа 6 војници, а тројца војници се ранети.

Од страна на Талибан засега не е објавено било какво соопштение во врска со нападот.

Инаку, и во напад на талибанските милитанти пред два дена врз една друга воена станица во населеното место Девлетабад во провинцијата Белх, во северниот дела на Авганистан, загинаа 7 авганистански војници.



Слични вести