СЗО загрижена од здравствената состојба на цивилите во Идлиб

Бројот на цивилите кои од ноември наваму беа присилно раселени се зголеми на 217 илјади лица

1329765
СЗО загрижена од здравствената состојба на цивилите во Идлиб

Светската здравствена организација (СЗО) изрази голема загриженост од здравствената состојбана цивилите во Идлиб, северозападниот град на Сирија.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на СЗО беше истакнато дека се чувствува големо загриженост од влошувањето на здравствените услови на северозападната страна на Сирија, неповолното влијание на нападите и тешките временските услови кои уште повеќе ќе ја загрозат здравствената состојба на луѓето во областа.

12 милиони Сиријци имаат потреба од здравствени услуги, од кои 2,7 милиони живеат на северозападната страна на Сирија, а над 500 илјади јужно од Идлиб.

Директорот за Итни здравствени состојби на Источниот Медитеран при СЗО Ричард Бренан во врска со прашањето рече дека постојаниот раст на воената напнатост во регионот, предизвика зголемување на цивилните загуби, повреди и човечката тага и трагедии. Околу 130 илјади лица меѓу кои жени, деца и возрасни беа принудени да се исселат. Во текот на 9 годишната војна во Сирија некои цивили дури 3 пати беа принудени да ги променат своите домови.

Како последица на нападите на силите на режимот на Бешар Асад и Русија во последните 24 часа, околу 2 илјади цивили беа принудени да мигрираат во близината на границата со Турција. Бројот на цивилите кои од ноември наваму беа присилно раселени се зголеми на 217 илјади лица.



Слични вести