Песков: „Либија стана засолниште на голем број воени платеници и терористи од голем број земји“

Граѓаните од различни земји во својство на платени војници учествуваат во скоро сите судири во светот

1330241
Песков: „Либија стана засолниште на голем број воени платеници и терористи од голем број земји“

Гласноговорникот на Кремљ во Русија Дмитриј Песков рече дека „Либија стана засолниште на голем број воени платеници и терористи од голем број земји“.

Песков одговараше на прашањата на новинарите во врска со тврдењата за тоа дали во Либија има руски воени платеници.

Одговорот на Песков гласеше:

„Во Либија има голем број воени платеници. По уривањето на Либија од страна на некои добро познати групи на земји, сигурни сме дека Либија стана засолниште на голем број воени платеници и терористи од голем број земји. Сите тие се последица на земјите кои се добро познати по активностите за уривање на државната структура во оваа земја“.

На прашањето: „Дали учеството на руските граѓани во својство на воени платеници предизвикува загриженост кај управата во Кремљ?“, Песков договори:

„Русија е загрижена од општата состојба во Либија. Граѓаните од различни земји во својство на платени војници учествуваат во скоро сите судири во светот. Секако дека е невозможно да се следат и контролираат сите граѓани. Исто така е многу значајно да се спротивставите на овој настан.“



Слични вести