Легалната влада на Либија официјално ќе бара воена поддршка од Турција

Фетхи Башага, министерот за внатрешни работи на легалната Влада на национално единство на Либија рече дека наспроти одбраната од воените платеници на Хафтер и неговите сили кој ги отвори воздушните бази за странските држави, ќе достават официјално барање

1330151
Легалната влада на Либија официјално ќе бара воена поддршка од Турција

Фетхи Башага, министерот за внатрешни работи на легалната Влада на национално единство на Либија рече дека наспроти одбраната од воените платеници на Хафтер и неговите сили кој ги отвори воздушните бази за странските држави, ќе достават официјално барање за воена поддршка од Турција.

Министерот Башага во изјавата на прес конференцијата во Тунис рече дека пучистичкиот генерал Халифа Хафтер на Обединетите Арапки Емирати им даде база, додека странските борци припадници на руската безбедносна компанија Вагнер заедно со милицајците на Џанџавид и чадските бунтовници заедно војуваат на фронтот.

Башага рече дека наспроти одбраната од воените платеници на Хафтер и неговите сили кој ги отвори воздушните бази за странските држави, ќе достават официјално барање за воена поддршка од Турција.

Либија има своја легитимна и меѓународна призната влада и таа е единствената влада која што официјално може да ја претставува земјата пред меѓународната заедница, рече Башага.

Ќе бидеме во сојуз со Турција, Тунис и Алжир кои ќе бидат во услуга на нашиот народ, безбедноста и стабилноста на земјата.

Во продолжение Башага додаде дека со задоволство ја прифаќаат иницијативата која ќе се оствари под покровителство на ОН и која ќе ги опфати сите граѓани на Либија.



Слични вести