Ирачкиот претседател Салих: Ако продолжат притисоците спремен сум да поднесам оставка

Ирачкиот претседател Бархам Салих истакна дека добива контрадикторни информации од Парламентот и укажувајќи на политичките притисоци на коишто е подложен истакна дека доколку овие притисоци продолжат Тој е спремен да поднесе оставка

1330217
Ирачкиот претседател Салих: Ако продолжат притисоците спремен сум да поднесам оставка

Ирачкиот претседател Бархам Салих истакна дека нема да го назначи за мандатор за формирање на новата влада кандидатот на коалицијата Бина Асад Идани, кој е близок со Иран и најави дека ако продолжат притисоците е спремен да поднесе оставка.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на претседателот се истакнува дека претседателот Бархам Салих го испратил до Парламентот текстот во којшто стои дека мандатот за формирање на нова влада нема да му го довери на Асад Идани, кандидатот на коалицијата Бина.

Нагласувајќи дека добива контрадикторни информации од Парламентот во врска со најголемата коалиција и укажувајќи на политичките притисоци на коишто е подложен, Салих напомена дека ако продолжат притисоците Тој е спремен да поднесе оставка од претседателската функција. 

„Изјавувам дека сум спремен да поднесам оставка од претседателската функција и тоа ќе им го оставам на мислење на пратениците во Парламентот. Тие, како претставници на народот ќе ја донесат поволната одлука. .“ - рече Салих.

Како што се вели, шиитските политички партии блиски со Иран вршат притисок врз ирачкиот претседател Бархам Салих за да им го додели мандатот за формирање на нова влада, на кандидатите за премиер коишто ги поддржуваат тие.

 

 



Слични вести