Воени авиони на Хафтар бомбардираа цивилни населени места кај Триполи: 4 лица загинаа, а 6 мина се ранети

Портпаролот на Министерството за здравство на Владата за национално единство на Либија Февзи Унејиш информира дека во воздушниот напад на силите на Хафтар врз цивилни населени места кај главниот град Триполи животот го загубија 4 лица, а 6 мина се ранети

1329077
Воени авиони на Хафтар бомбардираа цивилни населени места кај Триполи: 4 лица загинаа, а 6 мина се ранети

Воени авиони на силите на пучистот Халифа Хафтар извршија воздушен напад врз цивилни населени места кај главниот град на Либија, Триполи, при што животот го загубија 4 лица, а 6 мина се ранети.

Портпаролот на Министерството за здравство на Владата за национално единство на Либија Февзи Унејиш во објавеното писмено соопштение истакна дека воени авиони во сопственост на парамилитарните сили на Халифа Хафтар бомбардираа цивилни населени места во областа Таџура во близина на главниот град Триполи.

Унејиш информира дека во воздушниот напад на силите на Хафтар животот го загубија 4 лица, а 6 мина се ранети.

Инаку, водачот на вооружените сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар на 12 декември во четвртокот соопшти дека започнале нов напад врз главниот град Триполи.

Хафтар претходно и на 4 април им издаде наредба на своите сили да го заземат главниот град Триполи и потоа тврдеше дека за 48 часа ќе ја преземат контролата во либискиот главен град.

Потоа пак, и воените единици на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија ја започна операцијата Буркан ал-Гадаб (Вулкан на гневот) против  силите на Хафтар.



Слични вести