Во реализирани напади од страна на ДЕАШ во Ирак загинаа 5 припадници на безбедносните сили

Припадници на терористичката организација ДЕАШ реализираа напади во провинциите Киркук, Мосул и Салахадин во Ирак во кои загинаа 5 припадници на безбедносните сили, а 10 мина се ранети

1329300
Во реализирани напади од страна на ДЕАШ во Ирак загинаа 5 припадници на безбедносните сили

Во реализирани напади од страна на терористичката организација ДЕАШ во провинциите Киркук, Мосул и Салахадин во Ирак загинаа 5 припадници на безбедносните сили, а 10 мина се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Мрежата за воено информирање која работи во склопот на ирачкото Министерство за одбрана се истакнува дека во моментот на поминување на ирачките војници во близина на селото Ес-Салахије во провинцијата Салахадин била експлодирана бомба поставена на крајот на патот при што во експлозијата загинале двајца ирачки војници, а тројца војници биле ранети.

Воедно и капетанот Фајсал ел-Џубури, на задача во провинцијата Мосул истакна дека бил реализиран напад врз патролно возило на силите Хашди Шаби во месноста Гувер во населеното место Махмур.

Џубури информира дека при експлозија на поставена бомба на патот животот го загубиле двајца припадници на Хашди Шаби, а 5 мина биле ранети.

Капетанот Хамид ел Убејди, на задача во полицијата во Киркук исто така истакна дека членови на терористичката организација ДЕАШ реализирале напад врз два безбедносни пункта коишто ги чувале нафтените полиња Хабаза, во западниот дел на провинцијата.

Убејди соопшти дека во нападот загинал еден полицаец, а двајца биле ранети.



Слични вести