Во откриена работилница во Расулајн, во Сирија се уништени експлозивни направи од рачна изработка

Во откриена работилница во градчето Расулајн, во Сирија, од страна на тимовите за утврдување и уништување на мини и експлозивни направи од рачна изработка (МЕТИ) се уништени материјали и експлозивни направи од рачна изработка на терористите на ПКК/ЈПГ

1329486
Во откриена работилница во Расулајн, во Сирија се уништени експлозивни направи од рачна изработка

Во селото Ар Баин во градчето Расулајн, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, е откриена работилница за експлозивни направи од рачна изработка на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Материјалите за изработка на експлозивни направи беа уништени од страна на специјалните тимови на турските безбедносни сили.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека од страна на турските војници во селото Ар Баин во градчето Расулајн, во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, е утврдена зграда на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ која била користена како работилница за производство на експлозивни направи од рачна изработка.

Во соопштението се истакнува дека материјалите и уредите коишто биле користени за производтсво на експлозивни направи од рачна изработка биле уништени од страна на Тимовите за утврдување и уништување на мини и експлозивни направи од рачна изработка (МЕТИ или METİ).



Слични вести