Во напад на терористите на ПКК/ЈПГ во Џераблус, на северот на Сирија, се ранети 14 цивили

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ повторно изврши напад врз недолжни цивили во центарот на градчето Џераблус, во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, во северниот дел на Сирија, при што се ранети 14 цивили

1329440
Во напад на терористите на ПКК/ЈПГ во Џераблус, на северот на Сирија, се ранети 14 цивили

Терористите членови на ПКК/ЈПГ во центарот на градчето Џераблус во северниот дел на Сирија експлодирале со далечинско управување два мотоцикли на кои биле поставени бомби од рачна изработка, при што биле ранети 14 цивили.

Во објавеното соопштение од сметката на Министерството за национална одбрана на Турција на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ повторно изврши напад врз недолжни цивили во центарот на градчето Џераблус, во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели дека терористите експлодирале со далечинско управување два мотоцикли на кои биле поставени бомби од рачна изработка и дека притоа биле ранети 14 мина недолжни цивили.



Слични вести