Во ист ден принудно слетаа два руски хеликоптери од типот Ми-8

Хеликоптерите со две турбини од типот Ми-8 кои беа конструирани уште во периодот на Советскиот Сојуз се употребуваат за транспорт на патници и товар

1329599
Во ист ден принудно слетаа два руски хеликоптери од типот Ми-8

Два руски хеликоптери од типот Ми-8 во ист ден принудно слетаа на аеродромите во автономните области Ненецк и Карснојарск.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за вонредни состојби на Русија, во автономната област Ненецк принудно слета еден хеликоптер од типот Ми-8. Нема повредени или загинати во хеликоптерот кој пренесуваше 19 патници и 4 членови на екипажот.

Како последица на снежната виулица во утринските часови принудно слета хеликоптерот од типот Ми-8 на компанијата КрасАвија кој полета од аеродромот Бајкит во областа Краснојарск.

Во хеликоптерот се наоѓаа 21 патник и 3 членови на екипажот. Во несреќата беа повредени 16 лица.

Хеликоптерите со две турбини од типот Ми-8 кои беа конструирани уште во периодот на Советскиот Сојуз се употребуваат за транспорт на патници и товар.



Слични вести