Реакција од ЕУ во врска со изречените пресуди од страна на саудискиот суд во случајот со убиството на новинарот Кашикчи

Пристигна реакција и од Европската унија (ЕУ) во врска со изречените пресуди од страна на судот во Саудиска Арабија во случајот со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

1329188
Реакција од ЕУ во врска со изречените пресуди од страна на саудискиот суд во случајот со убиството на новинарот Кашикчи

Европската унија (ЕУ), во врска со изречените пресуди од страна на судот на Саудиска Арабија во случајот со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), упати повик за поведување истрага во правец на „принципот на транспарентност“ против сите лица кои сносат одговорност и се замешани во ова брутално убиство.

Во објавеното соопштение од Комисијата на Европската унија (ЕУ) се истакнува следното: „Европската унија (ЕУ) повторува дека треба да се поведе целосна истрага и да им се суди на сите оние кои се одговорни и замешани во убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги) на 2 октомври 2018 година во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. Тоа треба да се потпира на принципите на транспарентност, владеењето на правото и неопходните процеси.“

Од друга страна, во соопштението се нагласува и тоа дека принципиелно ЕУ е против смртната казна.

Инаку, Главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија соопшти дека во случајот со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој во октомври 2018 година беше жртва на брутално убиство во зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, на 5 лица им се изречени смртни казни, а тројца други обвинети се казнети со затворски казни во траење од вкупно 24 години.

Од друга страна, саудиското Главно јавно обвинителство не изнесе било какво обвинување против поранешниот советник на саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман, Сауд ал-Кахтани, кој е познат како лице кое го предводело убиството.

На тој начин Кахтани е пуштен на слобода.

Не беа изнесени обвинувања ниту против поранешниот генерален конзул на Саудиска Арабија во Истанбул Мухамед ал-Утејби за кого исто така се знае дека е директно вмешан во убиството. 

Саудиското главно јавно обвинителство соопшти дека  е пуштен на слобода и Ахмед Асири, поранешниот заменик шеф за Разузнавање кој учествуваше во убиството.



Слични вести