Продолжуваат упадите на фанатизираните Евреи во дворот на Месџид-и Акса во Источен Ерусалим

Управата за исламски вакафи во Ерусалим (Кудс) соопшти дека 189 фанатизирани Евреи под заштита и на израелската полиција влегле од вратата Ел-Магарибе (Мароко) во југозападниот дел на Месџид-и Акса и упаднале во Харем-и Шериф

1329554
Продолжуваат упадите на фанатизираните Евреи во дворот на Месџид-и Акса во Источен Ерусалим

Десетици фанатизирани Евреи во придружба и на израелската полиција влегоа во дворот на Месџид-и Акса во делот на Стариот град на Источен Ерусалим (Кудс).

Во објавеното писмено соопштение од Управата за исламски вакафи во Ерусалим (Кудс) се истакнува дека 189 фанатизирани Евреи под заштита на израелската полиција влегле од вратата Ел-Магарибе (Мароко) во југозападниот дел на Месџид-и Акса и упаднале во Харем-и Шериф.

Во соопштението се вели дека меѓу оние кои упаднале во светото место на муслиманите се наоѓал и Шарен Хаскел, пратеникот на Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Инаку, деновиве кога според еврејскиот календар се слави празникот Ханука се доживува пораст во упадите на фанатизираните Евреи во Месџид-и Акса.

Така, и вчера и завчера голем број фанатизирани Евреи извршија упад во Харем-и Шериф.



Слични вести