При потонување на чамец во Бенин загинаа најмалку 100 лица

При потонување на чамец на кој се наоѓале лица христијани кои оделе на миса во западноафриканската држава Бенин животот го загубија најмалку 100 лица

1329148
При потонување на чамец во Бенин загинаа најмалку 100 лица

Во западноафриканската држава Бенин потонал чамец којшто превезувал лица христијани кои оделе на миса и во несреќата животот го загубија најмалку 100 лица.

Повеќе од 100 граѓани на Бенин кои живеат во градот Лагос во Нигерија, во саботата отпловиле со чамец за да учествуваат на традиционалната миса во црквите Черубим и Серафим во градот Со-Ава на брегот на Езерото Нокуе.

Притоа чамецот потонал во територијалните води на Бенин.

Нема точни информации за тоа колку точно лица се наоѓале на потонатиот чамец, додека досега се извлечени мртвите тела на најмалку 100 лица.

Како што се тврди чамецот потонал поради претовареност.

 



Слични вести