Папата Франциск во својата овогодишна Божиќна порака со повик за мир во Сирија и на Блискиот исток

Папата Франциск во својата овогодишна традиционална Божиќна порака „Urbi et Orbi“ („До Градот [Рим] и До светот“) ја повика меѓународната заедница да ги воспостави мирот и безбедноста во Сирија и на Блискиот исток

1329618
Папата Франциск во својата овогодишна Божиќна порака со повик за мир во Сирија и на Блискиот исток

Духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск својата овогодишна традиционална Божиќна порака „Urbi et Orbi“ („До Градот [Рим] и До светот“) пред Божиќната миса ја даде од својата лоџа со поглед кон плоштадот на Базиликата Свети Петар во Ватикан. 

Папата ја повика меѓународната заедница да ги воспостави мирот и безбедноста во Сирија која е разрушена од војната, и на Блискиот исток.

Тој посака Божиќ и новата година да му донесат спокојство на сирискиот народ чија земја во последните 10 години е сцена на непријателства.

Папата се осврна на случувањата во Либан, ја истакна својата поддршка на либанскиот народ и рече дека од кризата во која се наоѓа може да излезе со наново откривање на своето ветување за „хармоничен соживот“.

Велејќи дека е во исчекување за мир, безбедност и просперитет на светите територии на коишто е роден Исус, папата Франциск рече дека мисли за Ирак кадешто се доживуваат општествени тензии и особено за Јемен кој поминува низ сериозна човечка криза и за децата од Јемен.

Освен тоа, папата истакна дека се моли за мигрантите и го рече следното: „Претставува неправда тие да се присилуваат да одат во пустините и морињата коишто стануваат нивни гробови.“



Слични вести