Ново ветување од Нетанјаху: Ќе ги анектирам Јорданската долина и еврејските населби на Западниот Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред изборите во четврток (утре) за претседател на Партијата Ликуд на чие чело се наоѓа, на својот официјален профил на социјалната медија сподели видео порака во којашто даде низа нови ветувања

1329207
Ново ветување од Нетанјаху: Ќе ги анектирам Јорданската долина и еврејските населби на Западниот Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја убеди управата на Соединетите Американски Држави (САД) да ги признае незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег и анектирањето на Јорданската долина кон териториите на Израел.

Нетанјаху пред изборите во четврток (утре) за претседател на Партијата Ликуд на чие чело се наоѓа, на својот официјален профил на социјалната медија сподели видео порака во којашто даде низа ветувања. 

Бенјамин Нетанјаху во видео пораката потсетува дека за време на неговиот премиерски мандат американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот со којшто Ерусалим (Кудс) во целост е признат за „главен град на Израел“ и е признато анектирањето на окупираните Голански висорамнини кои инаку се сириска територија.

Тој вели: „Ќе направам и други работи. Ќе овозможам САД да го признаат нашиот суверенитет во Јорданската долина и на териториите на сите еврејски населби. Следниот чекор е тоа и само јас можам да успеам да го направам тоа.“ 

Инаку, на изборите за претседател на Партијата Ликуд во четврток (утре) ќе се натпреваруваат Бенјамин Нетанјаху и Гидеон Саар, едниот од водечките пратеници на партијата.

Да потсетеме дека, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно пред предвремените партламентарни избори на 17 септември  вети дека ќе ги анектира кон териториите на Израел Јорданската долина и сите незаконски изградени еврејски населби на Западниот Брег.



Слични вести