Асадовите сили во подрачјето на градот Идлиб зазедоа 40 населени места

Бројот на населените места кои што преминаа под контрола на режимските сили кои на 20 декември започнаа копнена операција против населените места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, се зголеми на 40

1329487
Асадовите сили во подрачјето на градот Идлиб зазедоа 40 населени места

Режимот на Бешар Асад негирајќи ги договорите од Астана, со помош и на Русија и Иран напредува во уште 5 села со што бројот на заземените  населени места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, го зголеми на 40.

Силите на режимот од синоќа ги зазедоа  и селата Амдудије, Сихјан, Баболин, Кефербасин и Текане како и мостот Хиш којшто се наоѓа на патот за евакуирање на цивилите.

Мостот Хиш, се наоѓа во близина на населеното место коешто го користат Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во селото Мархатат, со логистичка цел.

На тој начин бројот на населените места кои што преминаа под контрола на режимските сили кои на 20 декември започнаа копнена операција против населените места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, се зголеми на 40.

Режимските сили со поддршка и на странските терористички групи поддржани од Иран и Русија, претходно ги зазедоа месноста Џерџеназ и населените места и селата Хирбет Марата, Ебу Дефне, Ел-Хадисе, Кефер Јасин, Салихије, Ел-Фалул, бабулин, Ум Џелал, Ум Тувејне, Реџмул Кит, Хираки, Минтар, Сихал, Ес Сирџ, Сејади, Тел Шејх, Фурце, Брејса, Рабиа, Хурејбе, Шара, Ебу Хабе, Мудејрисе, Ебу Шерџи, Крати, Крестене, Хулубе, Тух, Муајсуруне, Техтаја, Ебу Меки, Сукеја и Сарман, во југоисточниот дел на градот Идлиб.

Цел на жестоките напади на режимските сили во подрачјето на градот Идлиб, стануваат особено населените места Маратируман и Серакиб и нивните рурални места.

Во тие рамки, силите на Асадовиот режим кои започнаа напад за напредување од копно се поддржани и од страна на странските терористички групи поддржани од Иран и силите од “5. Легија“ по име „Тигрови сили“ предводени од руските специјални сили.

Освен тоа, Русија им дава поддшка на сириските режимски сили и со реализирање на напади од воздух.



Слични вести