Во воздушни напади на руски воени авиони врз Идлиб загинаа 8 цивили од кои повеќето деца

Екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки) во Идлиб соопштија дека во реализираните воздушни напади од страна на руските воени авиони во селото Џубас во подрачјето на Идлиб, животот го загубија вкупно 8 цивили од кои повеќето деца

1328874
Во воздушни напади на руски воени авиони врз Идлиб загинаа 8 цивили од кои повеќето деца

Во реализирани воздушни напади од страна на руски воени авиони врз населените места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 8 цивили од кои повеќето деца.

Според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руски воени авиони реализираа воздушни напади во околината на населеното место Серакиб и врз селата Маршурин, Бабила и Џубас.

Екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки) во Идлиб соопштија дека во овие воздушни напади во селото Џубас животот го загубија вкупно 8 цивили од кои повеќето деца.

Екипите за Цивилна одбрана од една страна ги продолжуваат активностите за пребарување-спасување и кревање на рушевините, а од друга се обидуваат да ги пренесат на безбедни места цивилите кои бегаат од нападите.

Освен тоа, руски воени авиони ги бомбардираат и патиштата за бегство на цивилното население од населените места коишто се подложени на бомбардирање во областите во близина на сириско-турската граница.



Слични вести