Во напад на членови на Талибан врз воена станица во Авганистан загинаа 7 војници

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека во реализиран напад од страна на членовите на Талибан врз една воена станица во населеното место Девлетабад во провинцијата Белх, во северниот дел на Авганистан, загинаа 7 војници

1328739
Во напад на членови на Талибан врз воена станица во Авганистан загинаа 7 војници

Во реализиран напад од страна на членовите на Талибан врз една воена станица во населеното место Девлетабад во провинцијата Белх, во северниот дел на Авганистан, загинаа 7 војници, а 6 мина припадници на безбедносните сили се ранети.

Во објавеното соопштение од авганистанското Министерство за одбрана се истакнува дека членовите на Талибан нападнале една воена станица во селото Хили Гели во населеното место Девлетабад.

Во соопштението се вели дека во нападот загинале 7 авганистански војници, а биле ранети и 6 мина приапдници на безбедносните сили.

Очевидци пак, информираат дека бројот на загинатите војници во нападот изнесува над 10.

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од страна на Талибан се тврди дека во нападот загинале 20 авганистански војници.



Слични вести