Сириската опозиција: Асадовиот режим и неговите сојузници вршат голем масакр во Идлиб

Претседателот на Привремената влада на Сирија Абдурахман Мустафа истакна дека во Идлиб се врши голем масакр и дека цел на Асадовиот режим и неговите сојузници се цивилите

1328962
Сириската опозиција: Асадовиот режим и неговите сојузници вршат голем масакр во Идлиб

Претседателот на Привремената влада на Сирија Абдурахман Мустафа во градот Хатај се првенците од Сирија и овде во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ истакна дека едната од главните цели на Привремената Влада на Сирија е да се состанува со сирискиот народ.

Абдурахман Мустафа истакна дека во Идлиб се врши голем масакр и дека цел на Асадовиот режим и неговите сојузници се цивилите. 

Велејќи дека во Хатај е остварена средба со првенците од Сирија со кои се разменети мислења, Мустафа рече: „Во Идлиб се врши голем масакр. Цел на Асадовиот режим и неговите сојузници се цивилите. Постои голем миграциски проблем. Ние една година како тоа им го велиме постојано на земјите со кои разговараме. Ова прашање со миграцијата нема да остане ограничено само со Сирија и Турција. Во подрачјата на операциите Маслиново гранче и Еуфратски штит ионака постои интензивно население.“  

Абдурахман Мустафа привлече внимание дека во Идлиб 4 милиони луѓе се под закана и дека се доживува голема човечка драма во подрачјето.

Нагласувајќи дека меѓународната заедница треба да интервенира на оваа драма, претседателот на Привремената влада на Сирија Абдурахман Мустафа продолжи со следните зборови: „Оние кои денес се подложени на принудно ислеување од Идлиб претходно дојдоа во Идлиб од други места. Овие луѓе по кој пат се принудуваат на иселување? Меѓународната заедница треба да интервенира на ова. Цел на нападите стануваат цивилите, жените и децата. Се бомбардираат и главните патишта по кои се одвива иселувањето. Оние кои овој режим 9 години како од воен аспект го имаат оставено во Шам треба да бидат малку чувствителни од хуман аспект. На изглед овие се цивилизирани земји, говорат за човекови права. Веќе очекуваме Обединетите нации (ОН), меѓународната заедница, да гледаат со реално око на сириската драма. Сирискиот народ треба веќе да се обедини, да застане зад своите групи, треба да имаме доверба во себе. Ние треба да имаме доверба во нашите вистински сојузници.“



Слични вести