Рабин во Израел казнет на казна затвор од 4 години поради сексуално злоставување на 4 деца

Обвинетиот рабин Хазан во одбраната истакна дека наводно не им нанел штета на наведените деца поради што го одби обвинувањето

1328918
Рабин во Израел казнет на казна затвор од 4 години поради сексуално злоставување на 4 деца

Еден рабин во една синагога во Израел казнет на казна затвор од 4 години поради сексуално злоставување на 4 деца.

Според веста која што беше објавена во локалните медиуми, рабинот Шалом Хазан кој  беше обвинет за сексуално злоставување на две машки деца и две женски деца од 6 до 12 годишна возраст во синагогата во којашто работи, беше изнесен пред Регионалниот суд на Ерусалим  во Израел кој се наоѓа во рамките на окупираниот Источен Ерусалим.

Обвинетиот рабин Хазан во одбраната истакна дека наводно не им нанел штета на наведените деца поради што го одби обвинувањето.

Судот на обвинетиот рабин Хазан му изрече казна затвор од 4 години поради сексуално злоставување на 4 деца и исплата на обесштетување во вкупен износ од 40 илјади шекели (околу 68 илјади турски лири).



Слични вести