Силите на Асадовиот режим зазедоа уште 11 села во подрачјето на Идлиб

Режимските сили составени од асадовата војска и странските терористички групи поддржани од Иран ги зазедоа селата Мудејрисе, Ебу Шерџи, Крати, Крестене, Хулубе, Тух, Муајсуруне, Техтаја, Ебу Меки, Сукеја и Сирман, во југоисточниот дел на Идлиб

1328208
Силите на Асадовиот режим зазедоа уште 11 села во подрачјето на Идлиб

Режимот на Бешар Асад со помош и на Русија и странските терористички групи поддржани од Иран, прекршувајќи ги постигнатите договори од Астана, зазеде уште 11 села во Зоната за намалување на затегнатоста во Исдлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Режимските сили составени од асадовата војска и странските терористички групи поддржани од Иран ги зазедоа селата Мудејрисе, Ебу Шерџи, Крати, Крестене, Хулубе, Тух, Муајсуруне, Техтаја, Ебу Меки, Сукеја и Сирман, во југоисточниот дел на Идлиб.

На тој начин бројот на населените места кои преминаа во рацете на режимските сили по започнатата операција од копно на 20 декември, се зголеми на 26.

Режимските сили претходно ги зазедоа населените места Ум Џелал, Ум Тувејне, Кит, Хираки, Минтар, Сихал, Ес Сирџ, Сејади, Тел Шејх, Фурџе, Брејса, Урејбе, Шара и Ебу Хабе.

Цел на жестоките напади на режимските сили стануваат особено населените места Маратируман и Серакиб и нивните рурални места.

Во тие рамки, силите на Асадовиот режим кои започнаа напад за напредување од копно се поддржани и од страна на странските терористички групи поддржани од Иран и силите од “5. Легија“ по име „Тигрови сили“ предводени од руските специјални сили.

Освен тоа, Русија им дава поддшка на сириските режимски сили и со реализирање на напади од воздух.



Слични вести