Поплавите и лизгањата на земјиштето во Бурунди одзедоа најмалку 12 животи

Од под рушевините на срушените куќи во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд во Бурунди се извлече мртвите тела на 12 лица, но се стравува од зголемување на жртвите

1327690
Поплавите и лизгањата на земјиштето во Бурунди одзедоа најмалку 12 животи

Во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од поројните врнежи од дожд во источноафриканската држава Бурунди животот го загубија најмалку 12 лица, а се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

Дождот којшто врнеше прексиноќа во северниот дел на Бурунди, стана причина за лизгања на земјиштето на падините на планините и за рушење на повеќе од 20 куќи.

Од под рушевините на срушените куќи досега се извлечени мртвите тела на 12 лица.

Како што се истакнува, десетици лица се уште се наоѓаат затрупани под рушевините и се стрваува од зголемување на бројот на жртвите во оваа елементарна непогода.

Поради поплавите до коишто дојде и во провинцијата Џибитоке во северозападниот дел на Бурунди се срушени најмалку 200 куќи.

Од друга страна, голем број оштетени семејства чии куќи беа срушени во поројните врнежи од дожд и поплавите тргнаа на пат кон бегалските кампови во Бурунди кадешто се сместени голем број граѓани на Демократска Република Конго.



Слични вести