Бројот на загинатите од ерупциите на вулканот Вакари во Нов Зеланд се зголеми на 19 лица

Новозеландската полиција соопшти дека од ерупцијата на вулканот Вакари (Бел остров) во северниот дел на земјата животот го загубија уште 3 лица кои беа тешко ранети и беа префрлени на лекување во болница, со што бројот на загинатите се зголеми на 19 лица

1328005
Бројот на загинатите од ерупциите на вулканот Вакари во Нов Зеланд се зголеми на 19 лица

Бројот на загинатите од ерупциите до коишто доаѓа од почетокот на минатата недела на вулканот Вакари (Бел остров) во северниот дел на Нов Зеланд, се зголеми на 19 лица.

Во објавеното соопштение од новозеландската полиција се истакнува дека животот го загубија уште 3 лица кои беа тешко ранети во експлозијата и беа префрлени на лекување во болница.

Поради силните ерупции (експлозии) на вулканот Вакари (Бел остров) во северниот дел на Нов Зеланд до коишто дојде на 9 декември беа евакуирани 39 лица од 47 лица кои се наоѓале на островот, а 8 лица останаа заглавени.

Од вкупно 47 лица кои во моментот на ерупцијата се наоѓале на островот 24-јца биле државјани на Австралија, 9 државјани на САД, 5 на Нов Зеланд, 4 на Германија, двајца на Кина, двајца на Англија и еден државјанин на Малезија.



Слични вести