Долниот дом на британскиот Парламент го одобри законот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска доби одобрение за законот за Брегзит во Долниот дом на Парламентот којшто претставува прв фрлен чекор за исполнување на неговото изборно ветување за напуштање на Европската унија (ЕУ) до 31 јануари 2020 година

1327166
Долниот дом на британскиот Парламент го одобри законот за Брегзит

На одржаното прво гласање во Долниот дом на  британскиот Парламент, 358 пратеници гласаа „за“, а 234 пратеници се изјаснија „против“ нацрт законот со којшто ќе се озакони постигнатиот договор за Брегзит помеѓу Велика Британија и Европската унија (ЕУ).

Според направените измени од страна на британската Влада во нацртот, не ќе може да се продолжи периодот на транзиција (премин) од 11 месеци што ќе следи по официјалниот излез на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) на 31 јануари во 2020 година. И покрај тоа што овој член ќе биде озаконет, постои можност британската Влада во следните месеци да го измени истиот и да го продолжи периодот на транзиција (премин).

Нацртот којшто им признава надлежност на британските судови за преиспитување на одлуките на Европскиот суд на правдата коишто се внесени во внатрешното право на земјата, ќе ги сведе на минумум и контролата и влијанијата на британските пратеници врз процесот за Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија). 

Претходно британскиот Парламент располагаше со надлежности за одобрување на целите на преговорите со Европската унија (ЕУ) и редовно информирање од страна на надлежните министри. Освен тоа, Парламентот располагаше со право на одобрување или отфрлање и на нацрт договорот којшто беше обликуван на крајот од преговорите. 

Дефинитивното гласање за нацртот во Долниот дом на британскиот Парламент ќе се одржи по тридневните дискусии коишто ќе се водат од 7 до 9 јануари 2020 година.

Доколку Велика Британија на 31 јануари 2020 година се оддели од Европската унија (ЕУ) со постоечкиот договор за Брегзит,  ќе започне период на транзиција (премин) кога земјата до 31 декември 2020 година ќе биде подложена на правилата на Европската унија (ЕУ).



Слични вести