Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Гватемала

Според првите сознанија, засега нема загинати или повредени во земјотресот

1326682
Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Гватемала

Земјотрес со јачина од 6 степени се случи на 6 км од пристаништето Сан Хозпе во близината на границата на Гватемала со Ел Салвадор.

Според веста на интернет страницата на Ултимас нотициас кој се објавува во Венецуела, во соопштението кое беше објавено од страна на Националниот институт за сеизмологија на Гватемала (INSIVUMEH), епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 6 км од пристаништето Сан Хозпе во близината на границата на Гватемала со Ел Салвадор. Епицентарот се случи на 35 км длабочина.

Мексиканскиот национален сервис за сеизмологија (ССН) соопшти дека земјотресот беше почувствуван во градот Хидалго во југоисточната провинција Чиапас.

Според првите сознанија, засега нема загинати или повредени во земјотресот.



Слични вести