Силите на режимот на Асад зазедоа 9 села во подрачјето на градот Идлиб

Сириските режимски сили и нивните поддржувачи не земјаќи ги во предвид и прекршувајќи ги договорите од процесот од Астана 2 месеци како ги продолжуваат своите активности за напредување во југоисточниот дел на подрачјето на градот Идлиб

1327101
Силите на режимот на Асад зазедоа 9 села во подрачјето на градот Идлиб

Силите на режимот на Бешар Асад со помош и на нивните поддржувачи зазедоа 9 села во подрачјето на градот Идлиб, кое што инаку е прогласено за Зона за намалување на затегнатоста.

Сириските режимски сили и нивните поддржувачи не земјаќи ги во предвид и прекршувајќи ги договорите од процесот од Астана 2 месеци како ги продолжуваат своите активности за напредување во југоисточниот дел на подрачјето на градот Идлиб.

Цел на жестоките напади на режимските сили стануваат особено населените места Маратируман и Серакиб и нивните рурални подрачја.

Во тие рамки, силите на Асадовиот режим кои синоќа започнаа напад за напредување од копно беа поддржани и од страна на странските терористички групи поддржани од Иран и силите од “5. Легија“ по име „Тигрови сили“ предводени од руските специјални сили.

На тој начин, сирискиот режим по заземањето на селата Ум Џелал и Ум Тувејне кај населеното место Маратинуман се усмери кон селата Тел Шејх, Фурџе, Брејса, Рабиа, Урејбе, Шара и Ебу Хабе и ја воспостави контролата и во овие села во подрачје на градот Идлиб, вкупно 9 села.

 



Слични вести