Генералната работничка конфедерација (ЦГТ) на Франција повика на нови протести на 9 јануари

Генералниот секретар на Генералната работничка конференција (ЦГТ) Филип Мартинез истакна дека се уште не може да се постигне соодветен договор со владата по прашањето на пензиските реформи и упати повик за повторно одржување на протести на 9 јануари

1326500
Генералната работничка конфедерација (ЦГТ) на Франција повика на нови протести на 9 јануари

Генералната работничка конфедерација (ЦГТ), едниот од најзначајните работнички синдикати на Франција, упати повик за одржување на нови протести на 9 јануари, во 2020 година.

Генералниот секретар на Генералната работничка конференција (ЦГТ) Филип Мартинез истакна дека сѐ уште не може да се постигне соодветен договор со владата по прашањето на планот за реформа на пензискиот систем и упати повик за одржување на нови протести на 9 јануари.

Мартинез во владината зграда учествуваше на состанокот со претставниците на синдикатите и францускиот премиер Едуард Филип. 

Велејќи дека сѐ уште не може да се постигне компромис со владата по прашањето на планот за реформа на пензискиот системи којшто станува причина за штрајкови и протести, Мартинез рече дека францускиот премиер Филип е индиферентен пред случувањата на улиците.

Францускиот претседател Емануел Макрон и владата истакнуваат дека нема да се откажат од планот за реформа на пензискиот систем, додека синдикатите бараат планот да биде повлечен.

Според една спроведена анкета, 57 отсто од Французите се противат на планот за реформа на пензискиот систем. 

Поради штрајковите коишто започаа на 5 декември против планот за реформа на пензискиот систем на управата на францускиот претседател Емануел Макрон, се доживуваат сериозни недостатоци во јавните услуги, здравството и превозот во земјата и со тоа се оштетени голем број француски граѓани.



Слични вести