Во вооружен напад на терористичката организација Боко Харам во Чад загинаа 14 цивили

Припадници на терористичката организцаија Боко Харам извршиле вооружен напад врз едно рибарско село во близина на градот Каига во западниот дел на Чадското езеро во кој загинаа 14 цивили, 5 мина се ранети, а 13 лица се водат како исчезнати

1325814
Во вооружен напад на терористичката организација Боко Харам во Чад загинаа 14 цивили

Во извршен вооружен напад од страна на терористичката организација Боко Харам во Чад загинаа 14 цивили, 5 мина се ранети, а 13 лица се водат како исчезнати.

Според вестите објавени во локалниот печат во Чад и печатот во Франција, припадници на терористичката организцаија Боко Харам извршиле вооружен напад врз едно рибарско село во близина на градот Каига, во западниот дел на Чадското езеро.

Во нападот загинаа 14 цивили, 5 се ранети, а 13 лица се водат како исчезнати.

Имуја Суабебе, еден од гувернерите во областа, истакна дека напаѓачите упаднале со селото минатиот ден во мали групи и дека биле припадници на терористичката организација Боко Харам.

Во масовните насилства и нападите на Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000'дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лица.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Во нападите на Боко Харам во басенот на Чадското езеро, животот го загубија најмалку 2 илјади лица. 

 



Слични вести