На првиот Глобален форум за бегалци во Женева ветена меѓународна помош од 7,7 милијарди долари

Високиот Комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека првите анализи од првиот Глобален форум за бегалци чиј копретседател беше Турција, покажуваат дека е ветена меѓународна помош во износ од 7,7 милијарди долари

1326180
На првиот Глобален форум за бегалци во Женева ветена меѓународна помош од 7,7 милијарди долари

На одржаниот прв Глобален форум за бегалци во швајцарскиот град Женева е ветена меѓународна помош за бегалците во износ од 7,7 милијарди доалри.

Високиот Комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека првите анализи од првиот Глобален форум за бегалци чиј копретседател беше Турција, покажуваат дека е ветена меѓународна помош во износ од 7,7 милијарди долари. 

Заврши Форумот којшто започна завчера во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, во Швајцарија, и кој се одржа во копретседателство на Турција, Пакистан, Коста Рика, Етиопија и Германија.

Во објавеното писмено соопштение од Високиот Комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) се истакнува дека од страна на Групацијата на Светската банка е ветена меѓународна помош во износ од над 4,7 милијарди долари за поддршка на приватниот сектор и за создавање на нови можности за работа за бегалците во земјите од чија страна се згрижени.

Во соопштението се вели дека Интер американската банка за развој ветила помош од 1 милијарда долари, а воедно како додаток на тоа голем број други земји и останатите учесници на форумот ветиле поддршка од над 2 милијарди долари за бегалците и земјите од чија страна се згрижени.

Во истото соопштение се нагласува дека во светот има 25,9 милиони бегалци и се вели следното: „Приватниот сектор го даде своето најобемно ветување досега за лицата кои биле принудени да ги напуштат своите домови.

Според соопштението, на тој начин вкупната ветена помош на Форумот во Женева, изнесува над 7,7 милијарди долари.

Инаку, на првиот Глобален форум за бегалци што се одржа на 17 и 18 декември во швајцарскиот град Женева, а чиј домаќин беше Високиот Комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) на покана на високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше во својство на копретседател.



Слични вести