Махатхир Мухамед: Денеска ниту една муслиманска земја не се дефинира како развиена земја

Малезискиот премиер Махатхир Мухамед истакна дека денеска ниту една муслиманска земја не се дефинира како развиена земја

1325992
Махатхир Мухамед: Денеска ниту една муслиманска земја не се дефинира како развиена земја

Малезискиот премиер Махатхир Мухамед во својот говор што го одржа на церемонијата на отворање на Самитот во Куала Лумпур во 2019 година меѓу другото нагласи дека денеска ниту една муслиманска земја не се дефинира како развиена земја.

Махатхир Мухамед нагласи дека муслиманите и исламот денеска се истоветуваат со тероризмот и се сметаат за еднакви со лошата државна управа, а воедно напомена дека исламската религија е подложена на клевета и навреди.

Велејќи дека муслиманите низ историјата имаат изградено развиени цивилизации и ги проширија низ светот учењата на исламот, Махатхир Мухамед ја изнесе следната констатација: „Меѓутоа, денеска го изгубивме угледот во светот. Ние веќе не сме ниту извор на науката, ниту улога модел на човечката цивилизација.“

Малезискиот премиер нагласи дека денеска ниту една муслиманска земја не се дефинира како развиена земја и рече: „И покрај целото нивно богатство, овие земји се во категоријата на земји во развој. Овие земји за жал останале слаби и недоволни во одбраната на исламскиот умет.“

Подвлекувајќи дека Самитот во Куала Лумпур се реализира за развивање на решенија за проблемите со коишто се соочува муслиманскиот свет, малезискиот премиер Махатхир Мухамед го додаде следното: „Заедно со неколку земји со коишто се состанавме овде, се надеваме дека ќе ја запалиме совеста да се стекнеме со цел да тргнеме по одредени конкретни програми и иницијативи.“



Слични вести