Путин го потпиша Законот за казнување на прекршувањето на Законот за странски агенти

Законот ќе стапи на сила на 1 февруари 2020.

1324806
Путин го потпиша Законот за казнување на прекршувањето на Законот за странски агенти

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот за казнување на сите лица и установи кои ќе го прекршат Законот за странски агенти. Со новиот закон се предвидуваат казна затвор и парична казна за сите лица и установи кои ќе го прекршат законот за странски агенти.

Според содржината на текстот кој беше објавен на веб страницата на Рускиот државен информатички систем за закони, во случај на евентуално прекршување на регулативата со која се дефинира терминот „странски агент“ од страна на лица и установи кои шират информации преку интернетот на земјата или некоја друга средина или се финансирани од странство, ќе се спроведат казни.

Според тоа, секое лице кое ќе го прекрши законот ќе биде казнет со парична казна од 10 илјади до 100 илјади рубљи или 15 дена затвор. Додека установите ќе се казнат со парична казна од 5000 илјади до 5 милиони рубљи.

Законот ќе стапи на сила на 1 февруари 2020.

Путин, Законот за промени на законот за дефинирање на странските новински агенции кои делуваат во Русија а се финансираат од странство како „странски агенти“ го ратификуваше во 2017 година.

Веднаш потоа, Министерството за правда на Русија, согласно Законот, 9 американски новински установи меѓу кои и Радиото Глас на Америка (Voice of America) ги вброи на списокот на „странски агенти“.

Путин на почетокот на месецот го ратификуваше Законот за измени според кој лицата или установите кои шират информации преку интернетот на земјата или некои други средини како и оние што се финансираат од странство да се дефинираат како „странски агенти“.

Според новите измени и регулативи, финансиските извори на лицата и установите кои се дефинираат како странски агенти се отворија за финансиска контрола и беа подложен на одредени административни санкции.



Слични вести