Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Индонезија

Нема информации за загинати или повредени во земјотресот

1323853
Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди индонезиската покраина Северна Суматра.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Заводот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија, епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 138 км југозападно од подрачјето Западен Ниас и се случи на длабочина од 24 км.

Нема информации за загинати или повредени во земјотресот.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами не објави предупредување во врска со евентуално цунами по земјотресот.



Слични вести