Во Иран опожарено турбе

Познато е дека турбето припаѓа на жената Фатма, правнуката на божјиот пратеник Хазрети Мухамед, ќерка на Ебу Абдулах Мухамед, внук на Хазрети Хасан, внук на Хазрети Мухамед

1324044
Во Иран опожарено турбе

Едно турбе во иранскиот град Шираз откако најпрвин беше опљакчано беше опожарено.

Според веста на Иранската официјална новинска агенција ИРНА, турбето на Имамзаде Бинтул Хасан во улицата Шемси Шираз во подрачјето портата Казирун во градот Шираз беше ограбено од страна на неидентификувани лица.

Напаѓачите ги украдоа скапоцените предмети, нанесоа штета и го опожарија турбето.

Властите започнаа истрага во врска со случајот.

Познато е дека турбето припаѓа на жената Фатма, правнуката на божјиот пратеник Хазрети Мухамед, ќерка на Ебу Абдулах Мухамед, внук на Хазрети Хасан, внук на Хазрети Мухамед.



Слични вести