Расте тешкиот биланс од пожарите во Австралија коишто беснеат повеќе од еден месец

Во период кога се очекува пораст во бројот на изгорените куќи во пожарите коишто продолжуваат неконтролирано во голем број места во Австралија, заедно и со изгорените куќи денеска, се истакнува дека изгореа најмалку 744 куќи, 49 постројки и 1,852 шупи

1323896
Расте тешкиот биланс од пожарите во Австралија коишто беснеат повеќе од еден месец

Расте тешкиот биланс од штетите поради пожарите во Австралија коишто повеќе од 1 месец како беснеат во оваа земја.

Бројот на изгорените куќи изнесува над 740 во пожарите коишто повеќе од 1 месец како никако не можат да се угаснат во сојузната држава Нов Јужен Велс во Австралија кои зафатија површина од 2,7 милиони хектари и во кои минатиот месец животот го загубија 7 лица. 

Во оваа елементарна непогода која што започна во Нов Јужен Велс и потоа продолжи со пожарите во сојузните држави Квинсленд и Јужна Австралија, со секој поминат ден растат и штетите.

Според објавените соопштенија од Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс, пожарите коишто продолжуваат на приближно 110 места во руралните подрачја на Сиднеј, денеска зафатија уште најмалку 20 куќи во областа Blue Mountains (Сини планини).

Во период кога се очекува пораст во бројот на изгорените куќи во пожарите коишто сеуште продолжуваат неконтролирано во голем број места, заедно и со изгорените куќи денеска, се истакнува дека изгореа најмалку 744 куќи, 49 постројки и 1,852 шупи.

Исто така и материјалната штета, т.ј. материјалните димензии на пожарите коишто стануваат причина за загриженост во Австралија, се истакнува дека се очекува да достигнат до милијарди долари.

Од друга страна, против можното избувнување и на нови пожари е донесена забрана за палење на оган во областите Central Ranges, Northern Slopes и North Western.



Слични вести