Предупредување од Гутерес: Испуштена е значајна прилика во борбата против климатските промени

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес предупреди во врска со резултатите од Конференцијата на ОН за климатски промени КОП25, во главниот град на Шпанија, Мадри, и истакна дека е испуштена значајна прилика во борбата против климатските промени

1323696
Предупредување од Гутерес: Испуштена е значајна прилика во борбата против климатските промени

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во објавеното писмено соопштение ја критикуваше меѓународната заедница поради тоа што не покажува доволна волја во обезбедувањето на потребните финансиски средства за намалување на влијанието на климатските промени, адаптација и борба по ова прашање. 

Гутерес напомена дека разочараа резултатите од Конференцијата на Обединетите нации (ОН) за климатски промени КОП25 (COP25), во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Антонио Гутерес нагласи дека ќе се работи поодлучно по прашањето сите земји да ги исполнат своите ветувања за постигнување на целта за нула емисии на јаглерод до 2050 година и за одржување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусеви, онака како што вели науката.

Завршната декларација на Конференцијата на Обединетите нации (ОН) за климатски промени КОП25 (COP25) што се одржа во Мадрид и којашто беше продолжена за уште два дена, беше објавена вчера со одлуки коишто не одговарија на очекувањата.

Завршната декларација премина во историјата како објавена декларација за најдолго време во историјата на 25 годишното минато на самитите за климатски промени.

Земјите кои во правец на своите сопствени национални интереси располагаат со различни приоди во борбата против климатските промени, не можеа да ги надминат разликите во ставовите по прашањата на распределбата на количината на емисиите на јаглерод во глобала, интегритетот на животната средина и финансирањето.

Конференцијата на Обединетите нации (ОН) за климатски промени КОП25 (COP25), наредната година ќе се одржи во градот Глазгов во Шкотска.



Слични вести