Штрајковите во Франција го водат во хаос животот во оваа земја

Поради тоашто не работат вработените во голем број сектори граѓаните продолжуваат да се соочуваат со тешкотии во голем број градови на Франција, а пред се во главниот град Париз

1323252
Штрајковите во Франција го водат во хаос животот во оваа земја
fransa.JPG
fransa metro.JPG

Поради штрајковите коишто беа започнати против на пензиските реформи на управата на претседателот Емануел Макрон не работат голем дел од метро линиите во главниот град Париз, а на малиот број линии коишто работат доаѓа до големи гужви.

Штрајкот против пензиските реформи влезе во 10-иот ден.

Поради тоашто не работат вработените во голем број сектори граѓаните продолжуваат да се соочуваат со тешкотии во голем број градови на земјата, а пред се во главниот град Париз.

Поради штрајкот на вработените во француските железници РАТП од чија страна се регулира јавниот превоз во Париз и околината, не работи поголемиот дел од метро линиите, додека другите метро линии работат во одредени часови наутро и навечер и на само одредени линии. Тоа пак, станува причина за големи гужви на метро станиците.

Граѓаните кои сакаат да одат во своите домови и на работа , поради големата гужва се принудени да чекаат долго време за да се качат во метроата.

Од друга страна, поради големата гужва во сообраќајот во главниот град Париз и околината се формирани долги редеци од возила во вкупна должина од 470 километри.

Според француското министерство за внатрешни работи, вчера штрајкуваа 32 отсто од учителите и наставниците во основните и средните училишта и во гимназиите, додека според синдикатите тој процент изнесуваше 92 отсто.

Продолжуваат сериозните застои и проблеми и во здравствените и јавните услуги.

Денеска исто така продолжуваат да се доживуваат сериозни проблеми и застои во јавниот превоз во главниот град Париз и во другите големи градови, како и во меѓуградскиот железнички превоз.

Како што се истакнува штрајковите во Франција би можеле да продолжат до Божиќните празници и до новата година.



Слични вести