Во два одделни напади во Ирак загинаа 7 припадници на Хашди Шаби и тројца ученици

На контролен пункт на Хашди Шаби во градот Самара, во провинцијата Салахадин, е извршен самоубиствен бомбашки напад со возило бомба во кој загинаа 7 припадници на Хашди Шаби, а во експлозија на бомба поставена на патот животот го загубија тројца ученици

1322566
Во два одделни напади во Ирак загинаа 7 припадници на Хашди Шаби и тројца ученици

Во два одделни бомбашки напади во провинцијата Салахадин загинаа 7 припадници на силите Хашди Шаби и тројца ученици. 

Според добиени информации од безбедносни извори, на контролен пункт на Хашди Шаби во градот Самара е извршен самоубиствен бомбашки напад со возило бомба. 

Во нападот загинаа 7 припадници на Хашди Шаби.

Од друга страна, во експлозија на бомба поставена на патот во  близина на селото Кинус во северниот дел на провинцијата Салахаддин, животот го загубија тројца ученици за кои се дознава дека оделе во основно училиште.

Досега одговорноста и за двата бомбашки напади не ја презеде никој, меѓутоа се истакнува дека поради тоа што во областа и претходно биле доживеани слични напади напаѓачите се можеби терористи членови на ДЕАШ. 

Инаку, и покрај тоа што изминаа две години како е прогласено дека терористичката организација ДЕАШ е исчистена од Ирак, оваа организација продолжува повремено да реализира напади особено во руралните подрачја на Киркук, Дијала, Салахаддин и Мосул.



Слични вести