Конзервативната партија на Џонсон ќе формира самостојна влада

„На 31 декември ќе се одвоиме од ЕУ и тоа без никакви услови“ рече Џонсон.

1322848
Конзервативната партија на Џонсон ќе формира самостојна влада

Конзервативна партија на Борис Џонсон која победи на предвремените парламентарни избори ќе може да формира самостојна влада.

По гласањето, заврши и одбројувањето на гласовите.

Според првичните информации, Конзервативната партија на Борис Џонсон со 364 пратенички места беше прва партија на изборите. На тој начин Конзервативците го преминаа апсолутното мнозинство од 326 пратенички места во Долниот дом на Велика Британија кој брои 650 пратеници и по период од две години повторно се стекнаа со можност за формирање самостојна влада.

Со оставките и исфрлањето на голем број пратеници, партијата на премиерот Џонсон изгуби голем број пратенички места во Парламентот поради што не можеше да го помине постигнатиот договор со ЕУ низ Парламентот. Но со одржување на предвремените парламентарни избори за решавање на чворот со Бергзит, Џонсон ја зајакна својата позиција.

Џереми Корбин, лидерот на Работничката партија и најголемиот ривал на Џонсон освои 203 пратенички места и се стекна со позиција на втора партија во парламентот на Велика Британија. По овие избори Работничката партија изгуби 59 пратенички места во споредба со претходниот период кога на изборите во 2017 имаше 262 пратенички места и од 1935 година наваму тоа е најголемиот пораз што го доживеа.

Шкотската национална партија (СНП) која на изборите беше поборник за независност освои 48, Леибера демократската партија 12, Велшката партија Плаид Кимру 4, Партијата на Зелените 1 и другите регионални партии вкупно 18 пратенички места.

Партијата Брегзит на екстремниот десничар Најџел Фараж кој не изнесе свои кандидати на местата кои се наоѓаа под контрола на Конзервативната партија, не успеа да влезе во парламентот.

По завршувањето на пребројувањето на гласовите и прогласувањето на победата, Џонсон во говорот пред членовите на партијата рече: „Ја срушивме пречката на патот, го одврзавме јазолот.

Нов ден, нова зора. На 31 декември ќе се одвоиме од ЕУ и тоа без никакви услови“ рече Џонсон.

Во меѓувреме, Џереми Корбин, лидерот на Работничка партија истакна дека по поразот на партијата на изборите ќе поднесе оставка.

Корбин во изјавата за печатот им се заблагодари на гласачите и семејството, пријателите и сопругата кои беа изложени на притисокот на медиумите.

„Ова беше ноќ која предизвика големо разочарување особено за партијата. Брегзит предизвика многу поларизирање во изборните дискусии, поради што нормалните политички дискусии останаа во сенка“ рече Корбин.



Слични вести