ЕУ со порака до победникот на изборите Борис Џонсон за што поскоро одобрување на Брегзит

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по добиените вести за извојуваната победа на Борис Џонсон на одржаните избори во Велика Британија рече: „Очекуваме британскиот Парламент што поскоро да го одобри договорот за разделба“

1323097
ЕУ со порака до победникот на изборите Борис Џонсон за што поскоро одобрување на Брегзит

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел на вториот ден од Лидерскиот самит на ЕУ во главниот град на Белгија, Брисел, даде изјава за печатот.

Мишел по добиените вести за извојуваната победа на британскиот премиер Борис Џонсон на одржаните предвремени парламентарни избори во Велика Британија рече: „Очекуваме британскиот Парламент што поскоро да го одобри договорот за разделба.“

Мишел му честита на Џонсон за извојуваната победа на изборите и истакна дека Европската унија (ЕУ) е спремна за односите коишто ќе бидат изградени со Велика Британија во иднина.

Укажувајќи на тоа дека од исклучително значење е да се донесе појаснување во најскоро време за процесот, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел напомена дека  се посакува во иднина да се делува  во блиска соработка со Велика Британија, меѓутоа додаде дека значајно прашање е и целината на единствениот пазар на Европската унија (ЕУ).

Инаку, Конзервативната партија на чело со актуелниот британски премиер Борис Џонсон на одржаните предвремени парламентарни избори извојува убедлива победа освојувајќи 364 пратенички места во Парламентот.

На тој начин, конзервативците ја поминаа бројката 362 што претставува просто мнозинство во Долниот дом составен од вкупно 650 пратенички места и по две години повторно го добија потребното мнозинство за формирање на самостојна влада.



Слични вести