Фуат Октај: Сенатот на САД со ерменскиот нацрт во обид за пишување наново на историјата, со лаги

Потпретседателот Фуат Октај во соопштението на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Сенатот на САД со нацрт одлуката во врска со наводниот геноцид е во обид за наново пишување на историјата, со лаги

1323068
Фуат Октај: Сенатот на САД со ерменскиот нацрт во обид за пишување наново на историјата, со лаги

Продолжуваат да пристигнуваат реакции од Турција против усвоената нацрт одлука во Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) со која ерменските тврдења за настаните од 1915 година се признаваат како „геноцид“.

Потпретседателот Фуат Октај во соопштението на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Сенатот на САД со нацрт одлуката во врска со наводниот геноцид е во обид за наново пишување на историјата, со лаги. 

„Меѓутоа, вистинските сведоци на историјата се историските архиви, а не одлуките на Сенатот или парламентите.“ - рече Октај.

Велејќи дека на оние кои се обидуваат историските прашања да ги влечат кон политичка сфера им се укажува на архивите, потпретседателот Фуат Октај го напиша следното: „Сите наши архиви се отворени за научниците и историчарите. Ја осудуваме и негираме оваа одлука на Сенатот на САД.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така во дадената изјава по прашањето истакна дека донесувањето на одлука од страна на политичарите по ова историско прашање или изнесувањето на одредени тврдења , е крајно неосновано.

„Погледнете во архивите, секој ќе види дека овој народ чија историја е потполно чиста нема врска со такво нешто.“ - подвлече министерот Акар.



Слични вести