Бројот на загинатите во последните бомбашки напади во Ирак се зголеми на 15 лица

Во последните реализирани бомбашки напади во провинциите Салахадин и Дијала во Ирак загинаа 15 лица, а има и ранети

1322715
Бројот на загинатите во последните бомбашки напади во Ирак се зголеми на 15 лица

Во одделни бомбашки напади во провинциите Салахадин и Дијала во Ирак, загинаа 15 лица. 

Според добиени информации од безбедносни извори, на контролен пункт на силите Хашди Шаби во градот Самара, во провинцијата Салахадин, е извршен самоубиствен бомбашки напад со возило бомба. 

Во нападот загинаа 11 припадници на силите Хашди Шаби.

Од друга страна, во експлозија на бомба поставена на патот во  близина на селото Кинус во северниот дел на провинцијата Салахаддин, животот го загубија тројца ученици за кои се дознава дека оделе во основно училиште.

Исто така и во експлозија на поставена бомба на мотоцикл во месноста Бехзен на југот на провинцијата Дијала загина едно лице, а двајца се ранети.

Досега одговорноста и за двата бомбашки напади не ја презеде никој, меѓутоа се истакнува дека поради тоа што во областа и претходно биле доживеани слични напади напаѓачите се можеби терористи членови на ДЕАШ. 

Инаку, и покрај тоа што изминаа две години како е прогласено дека терористичката организација ДЕАШ е исчистена од Ирак, оваа организација продолжува повремено да реализира напади особено во руралните подрачја на Киркук, Дијала, Салахадин и Мосул.



Слични вести