Во напад врз воен гарнизон во Нигер загинаа најмалку 70 војници, а се убиени 57 терористи

Голем број терористи со возила опремени со тешко оружје и мотоцикли извршиле напад врз воениот гарнизон во областа Тилабери во западниот дел на Нигер при што животот го загубиле најмалку 70 војници, а биле убиени 57 терористи извршители на нападот

1322355
Во напад врз воен гарнизон во Нигер загинаа најмалку 70 војници, а се убиени 57 терористи

Во реализиран напад врз воениот гарнизон во областа Тилабери во западниот дел на Нигер животот го загубиле најмалку 70 војници, а биле убиени и 57 терористи извршители на нападот.

Според добиени информации од печатот во Нигер повикувајќи се на безбедносни извори, голем број терористи вчера во вечерните часови реализирале напад врз воениот гарнизон во градот Инатес во областа Тилабери во западниот дел на земјата.

Голем број терористи кои дошле пред гарнизонот со возила опремени со тешко оружје и мотоцикли, почнале да пукаат наоколу.

И покрај тоа што нигерските војници одговориле на нападот, терористите во текот на ноќта го држеле под контрола гарнизонот. 

Нападот на терористите бил одбиен откако пристигнале дополнителни војници.

И покрај тоа што засега во врска со нападот не е објавено било какво официјално соопштение, безбедносни извори истакнуваат дека загинале најмалку 70 нигерски војници, а биле убиени 57 терористи.

Воедно се истакнува дека се водат како исчезнати и голем број војници.

Во меѓувреме, претседателот на Нигер Махамаду Исуфу во соопштението коешто го објави на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер информира дека поради нападот ќе ја прекине својата посета на Египет и ќе се врати во земјата.



Слични вести